Вишна

Вишна – вишната изобилува со витамин Ц, витамин Б комплекс и минералите – калиум, железо и кобалт. Енергетската вредност на вишната е 46 кал/100 грама плодови, а карактеристиките не и се менуваат ниту кога се замрзнати.

Вишната содржи моќни антиоксиданси кои се наоѓаат во нејзиниот пигмент (антоцијанини), и имаат голема улога во превенцијата против најтешките заболувања. Со намалување на влијанието на слободните радикали на клетките, ги заштитуваме од оштетување.

Вишните се одлични кај зголемениот холестерол, затоа што антиоксидансите го спречуваат лошиот холестерол да оксидира и да ги оштетува крвните садови. Вишната е вистински чувар на целиот кардиоваскуларен систем. Исто така одличен е извор на витамин Ц кој поволно делува на одбранбените сили на организмот кај инфекциите. Ние ја имаме во понуда како замрзната вишна во рефус од 10кг/пакет.