Живеејќи го својот сон, далеку од градските смогови, опкружени со прекрасни планински масиви, фамилијарно се определивме да му доближиме на светот дел од нашите природни благодети – шумски печурки и други шумски плодови. Таа фамилијарна традиција грижливо ја негуваме веќе 40 години и извршуваме комплетна преработка и извоз. Наша специјалност е сув и замрзнат вргањ, саламурен и се разбира во свежа состојба. Од другите видовина печурки откупуваме и преработуваме уште и лисичара, смрчак и рујница.
За нашите клиенти обезбедуваме:
- стандардизиран квалитет,
- достапност на производите преку целата година,
- сертифициран тим за контрола на квалитет на производите,
- 7 степена контрола на квалитет на производите,
- достава,
- гаранција за сигурност на јадливоста на производот (особено печурки),
- рок на траење на секој производ,
- потекло на производите и следење од шума до краен потрошувач.
Точноста и експедитивноста во испораките, како и коректноста спрема клиентите е наша секојдневна обврска.