Аронија

Аронија – Аронијата(Aronia melanocarоa), претставува грмушка која расте до 2 метра во висина. Нејзините плодови се ситни, мали, темносини бобинки, собрани во гроздови од по10 – 15 бобинки.

Плодовите на црната аронија се исклучително богати со витамини. Таа содржи витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод.Во сите плодови содржи голема концентрација на антиоксиданси (танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини) и се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата.

Плодовите на аронијата содржат каротен кој ги штити клетките од оштетувања, го подобрува видот. Аронијата исто така штити од UV зрачење, има способност на себе да ги врзува тешките метали и радиоактивни елементи и го овозможува нивното излачување од организмот. Ние ја нудиме како замрзната аронија во рефус од 10кг/пакет и сува аронија.