За Нас

Живеејќи го својот сон, далеку од градските смогови, опкружени со прекрасни планински масиви, фамилијарно се определивме да му доближиме на светот дел од нашите природни благодети  – шумски печурки и други шумски плодови. Таа фамилијарна традиција грижливо ја негуваме веќе 40 години и извршуваме комплетна преработка и извоз. Наша специјалност е сув и замрзнат вргањ, саламурен и се разбира во свежа состојба. Од другите видовина  печурки откупуваме и преработуваме уште и лисичара, смрчак и рујница.

За нашите клиенти обезбедуваме:
  • стандардизиран квалитет,
  • достапност на производите преку целата година,
  • сертифициран тим за контрола на квалитет на производите,
  • 7 степена контрола на квалитет на производите,
  • достава,
  • гаранција за сигурност на јадливоста на производот (особено печурки),
  • рок на траење на секој производ,
  • потекло на производите и следење од шума до краен потрошувач.

Точноста и експедитивноста во испораките, како и коректноста спрема клиентите е наша секојдневна обврска.