Малинка

Малинка – црвената малинка е повеќегодишно растение од семејството рози (Rosaceae). Претставува грмушка која потекнува од југоисточна Европа. Плодот на малината има црвена боја и е познат по својата единствена арома и киселкаст вкус, кои произлегуваат од ароматичните материи во неа.

Плодовите од малинка имаат хранлива, заштитна и лековита вредност. Содржат многу атиоксиданси ( витамин Ц, фолна киселина, витамин Б1, витамин Б2 и др). Богати с се со минерални материи (калиум, фосфор, манган, бакар, калциум, железо, магнезиум) поради што се препорачуваат во секојдневната исхрана. Исто така, содржат и вода, природен шеќер, ензими и растителни влакна.

Големата количина на растителни влакна ја прави малината совршена за подобрување на работата на цревата, ја забавуваат апсорпцијата на шеќер и холестерол во крвта.  Богати се со витамини од Б групата и витамин К. Овие витамини го помагаат функционирањето на метаболизмот. Ние ја имаме во понуда како замрзната малинка во рефус од 10кг/пакет.