Смрчак

Сезоната на смрчакот е во месец мај. Расте во иглолисни планински шуми и на чистинките околу нив. Смрчакот е извонредно вкусна и многу ценета печурка. Ова е една од најбараните печурки на пазарот. Има многу хранливи состојки и ниска калорична вредност и претставува совршен додаток во исхраната за борба со прекумерна тежина.

Се користи и во јадења со месо, и во вегетаријански оброци, се полни, се става во супа и се подготвува на многу начини. Вообичаено е многу ретка и се појавува само неколку недели напролет.

Расте само во краток период, богата е со протеини, масти, растителни влакна и јаглехидрати и има и лековити дејства. Се продава како свеж, сув или како замрзнат производ. Се појавува во стари шуми и во области каде што имало пожари.

Преработката се врши во строго контролирани услови, се применува седум степен надзор на квалитет и рачно селектирање.