Црна труба

Плодното тело има форма на длабока инка со шуплина завиткана во ролна со брановиден раб. Празнината оди до дното на плодното тело, па потсетува на труба или на рог. Кога се зрели, плодните тела се широки од 3 до 8 сантиметри, високи од 5 до 12 сантиметри, а внатрешната површина е сиво-кафеaвa, црно- кафеaвa или скоро црна, со ситни лушпи. Месото е тенко, 1 – 2 mm дебело, релативно еластично, темно сино, со пријатен мирис и благ вкус.

Расте во листопадни, мешани и поретко во зимзелени шуми. Честа е во дабови и букови шуми. Микоризен вид е, расте во групи и плодните тела се јавуваат на површината на земјата.

Покрај специфичниот мирис и вкус, печурките имаат специфичен и богат состав од животоважни витамини, минерали и олигоелементи. Витаминскиот состав нуди големи количини на витамини Б1, Б2, Б5, Ц и Д. Од минералите застапени се магнезиум, селен, фосфор, железо, цинк, калциум и др. Печурките се богати и со големи количини на растителни влакна.

Преработката се врши во строго контролирани услови, се применува седум степен надзор на квалитет и рачно селектирање.