Боровинка

Боровинка -Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември.  Сината боја на ова овошје се должи на антоцијанин, познат антиоксиданс. Боровинките се богати со диетални влакна, најмногу со пектин, кој го намалува нивото на холестерол.

Витаминот Ц делува како силен антиоксиданс, има користен ефект кај настинки, астма и други болести. Плодот на ова овошје содржи органски киселини, особено јаболкова и лимонска, шеќер, витамини Ц и Б, каротин, протеини и др. Корисни се за лекување на дијареа кај деца, а исто така е познат и нивниот диететски ефект.

Боровинката има многу ниска калорична вредност. Во 100 грама свежи боровинки има само 57 калории. Од друга страна, боровинките содржат растворливи растителни влакна, витамини, минерали и пигментни антиоксиданси кои значително придонесуваат за доброто здравје и општата благосостојба. Ние ја имаме во понуда како замрзната боровинка во рефус од 15кг/пакет. и сува боровинка.