Кајсија

Кајсија – кајсиите се богати со многу каротин. Овој плод исто така содржи целулоза, пектин, витамини Б1, Р, како и органски киселини, винска киселина, јаболкова киселина, лимонска киселина. Кајсиите се богати со калиум, скроб и со инулин, да не го пропуштиме и минералите – фосфор, магнезиум, јод и железо.

Тие го зајакнуваат кардиоваскуларниот систем и ја спречуваат појавата на кардиоваскуларни болести. Ова се должи најмногу на високата доза калиум, кој ќе го подобри здравјето на срцето и ќе го нормализира крвниот притисок. Покрај тоа, кајсиите придонесуваат за отстранување на штетните токсини од телото.

Кајсијата ја зголемува активноста на мозокот и ја подобрува меморијата. Кајсијата и маслото од нивната семка често се поврзува со долгиот и квалитетен живот на оние кои ја конзумираат. Ние ја имаме во понуда како замрзната кајсија во рефус од 13кг/пакет.