Лисичарка

Лисичарката е многу вкусна печурка со одличен квалитет. Месото е цврсто, белузлаво до жолтеникаво со пријатен мирис (како праска), а вкусот е благ. Плодното тело се јавува на површината на земјата и расте најчесто во групи. Лисичарката е богата со витамин, витамин B1 и B2. Од минерали содржи калциум, калиум, железо и цинк.

Лисичарката содржи трипати повеќе бета-каротен од морковите. Лисичарката (лат. Cantharellus cibarius) е отпорна на сите паразити и микроби. Таа е една од поретките видови која не скапува. Во неа никогаш не може да се најдат црви, бактерии и вируси.

Расте поединечно или групно во иглолисни и листопадни шуми, преку лето и наесен од месец јуни до месец ноември.

Преработката се врши во строго контролирани услови, се применува седум степен надзор на квалитет и рачно селектирање.