Вргањ

Вргањ, претставува вид јадлива печурка со топчест, кафеав шешир кој го носи на периферијата на стеблото. Може да расте во висина до 20 сантиметри се наоѓа во ливади и на сончеви падини. Има посебен сладок вкус, извонреден квалитет и хранливост. Печурките, покрај животните, се единствени организми кои имаат способност за синтеза на витамин Д.

Печурките, за разлика од растенијата, ги содржат сите есенцијални аминокиселини неопходни за животот на луѓето.

Овие печурки исто така се богати со диетални влакна, имаат ниски количини на заситени и незаситени масти. Диеталните влакна помагаат да се стимулира варењето.

Вргањот во себе носи природни антиоксиданти, како што се : витаминот Ц, флавоноиди и фенолни состојки, претставува одличен извор на минерали како што се : селен, манган, цинк, бакар, јод и молибден.

Вргањ печурките содржат големи колични концентрации на групата Б-комплекс витамини како што се : тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина, пиридоксин итн.

Преработката се врши во строго контролирани услови, се применува седум степен надзор на квалитет и рачно селектирање.