Јајчарка

Карактеристична по портокаловата боја, убавината и вкусот, со право е наречена ЦАРИЦА на печурките. Позната е уште од римско време каде била гозба за царевите. Може да се најде од јуни до октомври, на отворени и топли места, светли шуми и ливади.

Печурките се препорачливи за одржување на  телесната тежина затоа што (зависно од сортата овие бројки малку варираат) 100 грама печурки во просек содржат 18-26 калории. Тие содржат два до три пати помалку калории од зеленчукот и овошјето што секојдневно го користиме во исхраната.

Печурките се разликуваат од останатите прехрамбени продукти по тоа што содржат мала количина на сол и шеќер, но повеќе витамини, минерали и антиоксиданси кои штитат од болести. Исто така, тие не содржат холестерол и масти, а поради тоа се и нискокалорични.

Печурките поради својот лековит состав поволно делуваат кај следниве болести и тегоби: алцхајмерова болест, алергии, анемија, астма, депресија, дијабетес, за подобра концентрација и помнење, импотенција, јакнење на нервниот систем.

Преработката се врши во строго контролирани услови, се применува седум степен надзор на квалитет и рачно селектирање.