Јагода

Јагода – Јагодата е несомнено овошје со најнеодолив изглед, со најпријатен мирис и занесен вкус, а воедно е здраво па дури и лековито. Oва ниско калорично овошје има и лековити својства: го стимулира работењето на џигерот и бубрезите и го подобрува процесот на исфрлувањето на течностите од организмот.

Содржат големо количество на витамин Ц, големо количество на антиоксиданси и го чистат организмот од маснотиите. Го намалуваат количеството на слободните радикали, ја поттикнуваат детоксикацијата и го намалуваат ризикот од настанувањето на малигните тумори. Билните феноли го намалуваат ризикот од срцевите заболувања, а со самото тоа го поттикнуваат  работењето на срцето.

Според пирамидата на правилната и урамнотежена исхрана, јагодите се високо позиционирани и се препорачуваат 2 до 3 овошни оброци дневно. Богати се со влакна кои благотворно делуваат на дигестивниот систем. Ние ја имаме во понуда како замрзната јагода во рефус од 15кг/пакет.